Мерил Стрип, Педро Паскал и Бен Стилер се меѓу познатите личности кои ѝ оддадоа почит на актерката добитничка на Еми, Кетрин О’Хара, која почина на 30 јанаури на 71 година.
Актерката која е родена во Канада беше најпозната по своите улоги во филмовите „Најдоброто во шоуто“ и „Сам дома“, како и по комичните ТВ серии, вклучувајќи ги „Шитс Крик“ и „Студиото“.
Стрип рече дека О’Хара „донесе љубов и светлина во нашиот свет“, а Паскал кажа дека е „вечно благодарен“ што соработувал со неа. Бен Стилер рече дека е „тешко да се објасни влијанието што го имала врз комедијата“, додавајќи дека за него „нема никој подобар“.
О’Хара почина на 30 јануари во нејзиниот дом во Лос Анџелес по кратка болест, рече нејзиниот агент за Би-Би-Си.
Стрип, ја опиша нејзината смрт како „голема загуба за нејзиното семејство и пријателите, како и за публиката што ја обожаваше“.
Мајкл Китон, кој глумеше со неа во „Битлџус“ од 1988 и продолжението на „Битлџус“ во 2024 рече: „Таа беше моја лажна сопруга, мој лажен непријател и мој вистински пријател во животот. Ова боли. Човече, колку ќе ми недостига.“
Тим Бартон, кој ги режираше двата филма, сподели слика од екипата на вториот филм на Фејсбук.
„Кетрин, те сакам“, рече тој. „Оваа слика покажува колку светлина ни даде на сите нас. Ти беше посебен дел од мојот живот“.
Алек Болдвин, кој исто така глумеше во филмот, рече дека О’Хара поседувала „квалитет кој бил целосно нејзин“ и ја опиша како „еден од најголемите таленти за комедија во филмскиот бизнис“.
Нејзиниот син на екранот во празничните класици „Сам дома“ и „Сам дома 2: Изгубени во Њујорк“, Меколи Калкин, исто така, ѝ оддаде емотивна почит на Инстаграм.

„Мамо, мислев дека имаме време. Сакав повеќе. Имав уште многу да кажам. Те сакам. Ќе се видиме подоцна.“
О’Хара освои Златен глобус за најдобра актерка во 2021 за нејзината улога во „Шитс Крик“, и беше номинирана за улогата на отпуштената филмска извршна директорка Пати Ли во „Студиото“, на овогодинешните награди.
Поранешниот канадски премиер Џастин Трудо ја опиша како „сакана канадска икона“, а сегашниот лидер на земјата Марк Карни рече дека „изгубиле легенда“.
О’Хара живееше со сопругот Бо Велч. Имаше два сина, Метју и Лук и шест браќа и сестри.