ШВЕДСКИТЕ ВЕТЕРАНИ „КРАУН“ НАЈАВЕНИ КАКО ГЛАВНИ ЅВЕЗДИ НА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА МЕТАЛ ФЕСТИВАЛОТ „СКОПЈЕ ФЈУРИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Легендарниот шведски бенд „Краун“ (The Crown) е најавен како хедлајнер на второто издание на метал фестивалот „Скопје фјури“ (Skopje Fury), што ќе се одржи на 19 септември во паркот зад Младинскиот културен центар.

Со 36 години кариера (од кои 28 под ова име) и 12 албуми зад себе, „Краун“ тргнува на проштална турнеја, во рамките на која за првпат ќе ја посети и Македонија.

Организаторот „Терорвоид“ досега објави пет учесници на фестивалот, од кои четири од странство. Од Холандија доаѓаат дет метал ветераните „Disavowed“, а од Италија „Game Over“ и „Spoiled“, претставници на новата генерација на треш металот.

Единствениот домашен бенд досега потврден е „Трендкил“ (Trendkill).

Почетната цена на влезници е 1.500 денари, а од 6 март ќе чинат 1.800.