За Свети Трифун, Денот на лозарите, се најавува богата музичка програма во Тиквешијата и Велес.
Групата „Љубојна“ (фото) ќе настапи денеска (14 февруари) во Младинскиот парк во Велес од 20:30 часот, а забава ќе има и во Кавадарци и Неготино. На плоштадот во Кавадарци од 19 часот ќе настапи групата „Нокаут“, а во Неготино гостува дуото „Некст тајм“, од 12:30 часот во Старата чаршија.
Денеска во Младинскиот парк во Велес ќе бидат отворени и куќарки со храна, варено вино и ракија од винариите и рестораните од градот.
П. ПЕЧКОВ