„Не ти стои“ е новата песна на продуцентот Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години. Оваа песна доаѓа откако Јованов се врати на сцената како пејач, прво со ремиксот на хитот „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и со дуетот „Адреналин“ што го испеа со Елвир Мекиќ.
Јованов е комплетен автор на „Не ти стои“ (музика, текст и аранжман).
„Среќен сум што по толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа со моите песни, но и на помладите, кои денес ја откриваат музиката од тоа време. И сигурен сум дека заедно ќе ја пееме песната на концертот во јуни“, вели Јованов.
Тој ќе одржи концерт со Елвир Мекиќ во салата „Борис Трајковски“ во Скопје на 6 јуни, а билетите се продаваат преку мрежата на МК тикетс.
.