„Канал 103“ планира да прослави 35 години од своето постоење со низа настани во и вон радиото. Ова ќе започне на 21 февруари со настан во „Котур“ насловен „Стотројка: Нова пролет“ (20 часот).
На програмата ќе бидат настапите на Бнелети, Медарски и Сенс.
Бнелети е соло проект на Бен Вилер (фото), американски музичар, композитор и етномузиколог кој живее во Тбилиси, Грузија. Настапувајќи со електрична гитара, азербејџански саз и модуларен синтисајзер, Бнелети ги поврзува грузиската полифонија и азерската гитарска традиција со дарк амбиент, дрон, експериментална електроника и суптилни примеси на блек метал.
Дарко Медарски ќе се фокусира на електроника во живо и органско техно, а вечерта ќе ја заокружи Тео Симоновски од „Стотројка“ со диџеј сет.