Тајзи го најави најголемиот самостоен концерт во својата кариера, што ќе се одржи на 27 декември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Насловен „Тајзи и пријателите“, пејачот со него ќе одбележи 18 години активна музичка кариера.
За овие 18 години, Тајзи објави четири студиски албуми и повеќе од 80 авторски песни.
„Кога ќе погледнам наназад, сфаќам дека сите овие години вредеа за да стигнам до оваа точка. Ова е мојот најголем концерт досега, но уште повеќе ме радува што ќе го споделам со луѓето кои веруваа во мене од самиот почеток. 2026 ми донесе љубов, семејна среќа и многу причини за благодарност. На 27 декември сакам сето тоа да го прославиме заедно“, вели Тајзи.
Организаторот „Евентум“ најавува концертна продукција на највисоко ниво, впечатлива сценографија и внимателно осмислена програма со бројни специјални гости.