На 5 април од 20 часот во Националната опера и балет ќе гостува српската комедија „Спонзоруша и будала“, по текст на познатиот новинар и писател Вања Булиќ, а во адаптација и режија на Раде Вукотиќ.
„Спонзоруша и будала’ не е само приказна за односот меѓу маж и жена, туку огледало на времето во кое живееме.
Дејството следи двајца протагонисти, млада девојка која доаѓа од внатрешноста во големиот град во потрага по подобра иднина и маж од маргините на општеството, снаодлив, но морално нестабилен лик кој се обидува до пари и статус да дојде по краток пат. Нивните патишта се вкрстуваат во низа комични ситуации“, велат организаторите, продукција „Прагма“.
Во претставата играат Исидора Граѓанин, Саша Јоксимовиќ и Саша Пантиќ. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.
КОМЕДИЈАТА „СПОНЗОРУША И БУДАЛА“ НА 5 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ
Скопје, (СМАРТ СДК.МК)