„НЕБИТЕН“, НОВА ПЕСНА НА СИМОНА ПОПОВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Небитен“ е новата песна на поп-пејачката Симона Поповска. Автор на музиката и аранжманот за оваа балада е Панче Касапски, а текстот го напиша Кристина Зимбакова-Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на „Дулелуд“. 

Видеоспотот се снимаше на Козјак во продукција на студиото „20TWO“, a го режираше Крсте Шупев. 

„‘Небитен’ е приказна за љубовта што тивко крши и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие сè“, вели поп-пејачката .

Песната е достапна на сите дигитални платформи, а видеото може да се погледне на официјалниот јутјуб канал на Симона Поповска.