ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ БЕА МОДЕЛИ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ВЕНЧАВКИ ВО СКОПЈЕ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Познати личности беа модели на традиционалната модна ревија на венчални фустани во рамките на 14. Саем за венчавки во Скопје, кој почна вчера (20 февруари) и ќе трае до утре (22 февруари) во хотелот „Александар палас“.

Мис на Македонија Чарна Невзати (Фото: К.Попов)

Диригентката Бисера Чадловска, поп-пејачката и харфистка Сара Мејс, Мис на Македонија Чарна Невзати, моделите Светлана и Моника Црнокрак, професорката Калтрина Круезиу, водителката Емакулате Вандера-Блажеска, моделот Маја Ристевска и други беа модели на ревијата која ја водеше Ангела Апостоловска.

Диригентката Бисера Чадловска (Фото: К.Попов)

Како модел настапи и поп-пејачката Антониа Гиговска која на крајот го испеа својот хит „Жена“ од Макфест од 2024.

Антониа Гиговска настапи како модел и испеа свој хит (Фото: К.Попов)

На отварарањето на ревијата, со една од најпопуларните песни која младите ја бираат за првиот свадбен танц, „Лебедот бел“, настапи Никола Перевски-Пере од „Нокаут“.

Моника Црнокрак (Фото: К.Попов)

Тој хитот го испеа заедно со публиката и најави концерт на „Нокаут“ како прослава на 30 години на сцената на 9 мај во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Никола Перевски-Пере од „Нокаут“ (Фото: К.Попов)

Дел од музичката програма беа и танчари со аргетинско танго и квартетот на виолинистката Пламенка Трајковска.

Пејачката и харфистка Сара Мејс (Фото: К.Попов)

„Саемот за венчавки повторно ги обединува на едно место најрелевантните професионалци од свадбената индустрија.

Светлана Црнокрак (Фото: К.Попов)

На изложбен простор од повеќе од 1.500 квадратни метри учествуваат над 50 изложувачи.

Професорката Калтрина Круезиу (Фото: К.Попов)

Посетителите имаат можност директно да се информираат, споредуваат и планираат, од венчаници и костуми до декорации, фотографија, музика и целосна организација на венчавка.

На Саемот беа изложени автомобили и свадбени декорации (Фото: К.Попов)

Саемската програма е збогатена со модни ревии, презентации и тематски разговори“, рекоа организаторите, магазинот „Во бело“.

Водителка Емакулате Вандера-Блажеска со ќерката (Фото: К.Попов)

Денес (21 февруари), Саемот се отвара во 10 часот, а се затвара во 20, а од 17 часот ќе има музички настап.

Фото: К.Попов

Утре (22 февруари), Саемот исто така почнува од 10 часот, а се затвара во 19.

Настанот почна со аргентинско танго (Фото: К.Попов)

М. ЏАРОВСКА