Во Македонскиот народен театар започнаа пробите за претставата „Страв и надеж“ од познатиот германски драмски автор Франц Ксавер-Крец, во режија на Татјана Мандиќ-Ригонат од Белград.
Во претставата играат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Сашка Димитровска, Сашко Коцев, Дарја Ризова, Наталија Теодосиевска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.
„Страв и надеж“ е врвно драмско остварување на Франц Ксавер Крец, најпознатиот и најизведуваниот жив германски драмски автор. Како драмски писател, поет, прозаист, режисер и актер, Крец ги одбележа 1970-тите и 1980-тите години во Германија, кога неговите драми се изведуваа во 40–50 театри истовремено низ Европа и светот.
Ригонат е режисерка, авторка на драматизации и поетеса, чии претстави се наградувани на меѓународни фестивали. Добитничка е на престижните награди „Љубомир Драшкиќ“, „Јагош Марковиќ“ и највисокото признание „Бојан Ступица“. Има режирано повеќе од 40 претстави и драматизации на дела од Достоевски, Ибзен и Чехов, до Душан Јовановиќ и Бранислав Нушиќ.