ДОДЕЛЕНИ АКТЕРСКИТЕ НАГРАДИ, ЅВЕЗДИТЕ ПОСЛЕДЕН ПАТ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ ПРЕД ОСКАРИТЕ

САД, (Би-Би-Си)

Деми Мур, Тимоти Шаламе, Ема Стоун, Џена Ортега, Мајкл Б. Џордан и други ѕвезди прошетаа по црвениот тепих пред доделувањето на Актерските награди. Церемонијата, порано позната како наградите САГ, ги слави најдобрите телевизиски и филмски изведби од минатата година.

Настанот е последниот голем претходник на Оскарите, чие доделување е на 16 март. Мајкл Б. Џордан изненадувачки беше прогласен за најдобар актер за „Грешници“, додека Џеси Бакли продолжи да ги собира наградите за најдобра актерка за „Хамнет“. Наградите за најдобра споредна улога ги добија Шон Пен („Една битка по друга“) и Ејми Мадиган („Оружја“).

Харисон Форд ја прими наградата за животно дело.

Деми Мур (Фото: Гети)
Кристен Бел (Фото: Гети)
Ема Стоун (Фото: Гети)
Ејми Лу Вуд (Фото: Гети)
Харисон Форд со сопругата (Фото: Гети)
Вунми Мосаку (Фото: АП)