СЕ ВЕНЧАА ТОМ ХОЛАНД И ЗЕНДАЈА, ОБЈАВИ НИВНИОТ СТИЛИСТ

Лос Анџелес, (Вараети)

Холивудските ѕвезди Том Холанд и Зендаја се венчале. Веста ја откри нивниот стилист Ло Роуч.

Венчавката веќе се одржа, сте ја пропуштиле“, кажа Роуч пред доделувањето на Актерските награди во Лос Анџелес.

Зендаја и британскиот актер се запознаа на снимањето на филмот „Спајдермен: Враќање дома“ од 2017. Врската ја почнале четири години подоцна и брзо станаа една од омилените холивудски двојки, иако ретко зборуваат јавно за својот приватен живот.

Во јануари 2025 беше објавено дека се свршиле откако таа се појави со дијамантски прстен на доделувањето на Златните глобуси. Холанд подоцна ја потврди веста за свршувачката.

(Фото: Гети)