АКТЕРИТЕ ЧИЧЕВСКА, ЗАФИРЧЕВ И СТОЈАНОВ ЌЕ БИДАТ ЖИРИ ЗА НАГРАДАТА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“ ВО ВЕЛЕС

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Актерите Слободанка Чичевска, Васил Зафирчев и Благојчо Стојанов го сочинуваат жирито за актерската награда за животно дело „Петре Прличко“, која ќе се додели на 28 март на отворањето на театарскиот фестивал „5ре“ во Велешкиот театар,

Советот на Општина Велес, кој ја доделува паричната награда, одлучи дел од жирито да биде Чичевска како минатогодишна добитничка на ова признание, заедно со колегите Зафирчев и Стојанов.

Досегашни добитници се Благоја Спирковски-Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелковски, Драган Спасов-Дац, Александар Ѓоргиев, Милица Стојанова, Кирил Гравчев, Диме Илиев, Младен Крстевски, Игор Џамбазов, Јордан Витанов, Слободан Степановски, Тони Михајловски и Слободанка Чичевска.

П. ПЕЧКОВ

Фото: Слободанка Чичевска на доделувањето на наградата во 2025