Вечерва (17 март) во 19 часот, во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ), ќе се отвори изложбата „А“ на уметницата Олгица Антовска.
„Поставката е конципирана како долг полиптих од триесет платна, поставени на бела позадина и продолжени во нишите на просторот. Делата, инспирирани од водата и светлината, уметницата ги претвора во симбол на живот и духовност. На платната, обликувани во кружни и елипсоидни форми, боите треперат во суптилни тонови, создавајќи тивка, но моќна атмосфера, што го повикува гледачот на дијалог со природата и сопствената внатрешност“, стои во најавата за изложбата.
Антовска има 30 години активно творештво, со изложби во Македонија, Србија, Германија, Полска и САД, како и со учества на меѓународни изложби.