На 26 март од 19:30 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи концертот „Австриска вечер на камерна музика“.
Настанот е посветен на делата на тројцата големи композитори од виенската класична школа: Волфганг Амадеус Моцарт, Јозеф Хајдн и Франц Шуберт. Под мотото „Контрастрингс и кларинет“, публиката ќе слушне изведби на камерна музика, со акцент на гудачките инструменти и кларинетот.
Концертот е во организација на Австриската амбасада во Скопје, со цел промоција на австриската музичка традиција и културна размена. Влезот е слободен, а најавена е дегустација на вина од Австрија.