Најдолгата права железничка делница во светот се протега неверојатни 478 километри низ австралиската пустина Наларбор.
Оваа необична линија е дел од Трансавстралиската железница и оди низ рамнината Наларбор, која е една од најсуровите и најгруби на планетата. Пругата е целосно рамна, што ја прави уникатен инженерски и географски феномен.
Тука сообраќа легендарниот патнички воз „Индиски Пацифик“, воведен во 1970 година, кој ги поврзува Перт на западниот брег на Австралија и Сиднеј на исток. Името на возот не е случајно зашто го симболизира патувањето од Индискиот до Тихиот Океан.
Додека „Индиски Пацифик“ минува низ овој уникатен предел, патниците со часови гледаат иста слика – совршено права линија што исчезнува во хоризонтот и километри црвена земја со само неколку грмушки.
(Фото: Алами)