„НЕ БРОЈАМ ДО ТРИ“, НОВА ПЕСНА НА ТАМАРА ВОЛЧЕСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Поп-пејачката Тамара Волческа ја промовираше новата песна „Не бројам до 3“.
„Новата песна носи женска енергија, софистициран стил и доза на мистерија што ја интригира јавноста. Секој кадар во спотот е внимателно осмислен, а целата приказна визуелно изгледа како музички филм, а не само како уште еден спот“, вели пејачката.
Текстот за песната е на Волческа, музиката и аражманот на Јордан Манов, а спотот го снимаше „Фото хаус“.
На фестивалот Макфест лани, таа настапи со песната „Ведро“, за која рече дека им ја посветила на внуците.