„Милион ѕвезди” е новата песна на поп-пејачот Влатко Иљачев-Валдера кој за првпат соработува со познатиот композитор Григор Копров кој ја напиша музиката.
Младиот музичар Стефан Петановски, братот на Ана Петановска е аранжер и продуцент на песната а текстотг напиша Ангел Ризов.
„Оваа балада е посветена на сите вљубени, но и на сите оние кои уште веруваат во љубовта“, вели пејачот.
Видеото кое досега има повеќе од 73 илјади гледаност е во реализација на Лоран Бајрами, со сценарио на Влатко Иљачев- Валдера. Во спотот глуми Јулијана Деспотоска.
„Во песната се пее за љубовта кон жената. Песната веќе ги надмина моите очекувања, има многу прегледи. Ми се јавуваат за да ја пофалат, ја пеат, а за еден пејач, тоа е најважно. Значи дека песната допрела до срце кај сите“, додава пејачот кој го издаде албумот „Уживам“ со 13 песни, а од кои 10 се на македонски јазик, една на англиски и една на српски.
Тој оваа година ќе настапи на музичкиот фестивал „Бисер Јадрана“ во Тиват, Црна Гора во јули, како и на Интернационалниот музички фестивал “Охрид Фест-Охридски трубадури”, во август.