АФРИКАНСКИ МУЗИЧАРИ ДОМИНИРААТ НА 25. ОФФ-ФЕСТ, ЌЕ ИМА ЧЕТИРИ ВЕЧЕРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Африкански музичари ќе доминираат на 25 издание на Офф-фест во Скопје, што ќе трае од 3 до 6 јуни. Покрај нив, ќе бидат застапени и музичари од Европа.

Првите три вечери се во Националната опера и балет, а последната во Младински културен центар. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 16 април.

Фестивалот го отвора бендот „Гитари баро“ со музичари од Мали и Гвинеја (фото), по што следува настапот на јужноафриканската група „БЦУЦ“. На програмата се и музичари од Норвешка, Шпанија, Италија, Бенин, Конго, Мозамбик и Танзанија, а од Македонија ќе настапи дуото „Добрила и Дориан“.

Во придружната програма ќе биде прикажан бразилскиот документарен филм „Елис и Том“.