Дуото Дац и Александар сними нова верзија на велигденскиот хит „На Велигден сум се заљубил“ заедно со Џина Папас-Џокси кој оригиналната верзија ја сними во 1991.
„Со почит кон оригиналната верзија и со јасна визија за современ звук, оваа преработка претставува внимателно изграден мост меѓу традицијата и денешниот музички израз. Песната, која со децении буди емоции кај публиката, сега добива свежа енергија, модерна продукција и нова интерпретација која допира до различни генерации.
Проектот е реализиран со силен авторска и продукциски тим што со љубов и внимание го реосмислил секој детал. Идејата за оваа соработка меѓу тројцата уметници постоела со години, но токму празничната атмосфера на годинешниот Велигден била вистинскиот момент таа да се претвори во реалност“, велат продуцентот Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац.
Во новата верзија, песната заеднички ја пеат Џокси, Дац и Александар, а додека аранжманот и продукцијата се на Александар Митевски.
Од дуото додадаавт дека посебна убавина на ова издание му дава последната строфа која ја напиша Огнен Неделковски.
Оригиналната песна која е снимена пред 35 години и стана евергрин е на Џина Папас Џокси, кој ги напиша музиката и текстот, а аранжманот е на Тоше Попсимонов.