КОРЕЈСКАТА СЕНЗАЦИЈА „БИ-ТИ-ЕС“ ЈА ПОЧНА СВЕТСКАТА ТУРНЕЈА, ДО 2027 ЌЕ ОДРЖИ 82 КОНЦЕРТА

Сеул, (Ројтерс)

Тинејџерската атракција од Јужна Кореја „Би-Ти-Ес“ на 9 април ја почна светската турнеја за да го претстави новиот албум „Ариранг“. Во март над 100.000 луѓе присуствуваа на повратничкиот концерт на  „Би-Ти-Ес“, што се одржа во историскиот центар на Сеул. Тоа беше првиот концерт на корејската седморка од октомври 2022, откако во меѓувреме членовите мораа да го одработат задолжителниот воен рок.

Седумчлената група со својот повратнички албум се искачи на врвот на Билборд 200 две недели по ред, што е нов рекорд за К-поп изведувач. Некои аналитичари велат дека приходите само од продажба на билети за турнејата би можеле да се приближат или дури да ги надминат најпрофитабилните турнеи досега, како на примери турнеите на Тејлор Свифт и на „Колдплеј“, а економскиот ефект би можел да биде уште поголем.

„Би-Ти-Ес“ ја почна турнејата во Јужна Кореја, по што ќе посети уште 33 градови низ светот, со вкупно 82 концерта што ќе траат до март 2027

По првиот дел од концертите во Јужна Кореја и Јапонија во април, групата ќе отпатува во САД и Мексико, а потоа во Европа, со настапи во Белгија, Велика Британија, Германија и Франција.  Во втората половина од годината повторно ќе се вратат во Северна Америка за концерти во САД и Канада, а потоа ќе настапуваат во Латинска Америка. Турнејата ги вклучува и Тајван, Хонгконг и во Австралија.

(Фото: DailyAsia)