Стевче Грозданов и Блаже Темелков од поп-рок дуото „Коктел“ ја промовираа новата песна, „Само ти“.
Од дуото велат дека во песната го задржуваат стилот од 1990-тите.
„Без вештачки вокал и фајлови, само чиста музика“, велат од дуото кое стана најпознато по хитот „Слуга и цар“, па направи поголема пауза. Во 2025, излезе нивната песна „Каде ти, таму јас“.
„Ова е првата пилот песна од новата ера на бендот. Планираме нови песни и нов албум“, рекоа од бендот лани.
За новата песна, „Коктел“ сними спот во кој глумат Светлана и Мики Црнокрак.
Музиката и текстот се на пејачот Блаже Темелков, аранжманот е на гитаристот Стевче Грозданов, кој го режираше и видеоспотот, а миксот и мастерингот се на Горан Гешовски.