БИТОЛСКИОТ ФЕСТИВАЛ „МЕТАЛ ДИСЧАРЏ“ ПРВПАТ ЌЕ ДОНЕСЕ ПОГОЛЕМО СТРАНСКО ИМЕ, ЌЕ ИМА ТРИ ВЕЧЕРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Метал фестивалот „Метал дисчарџ“ (Metal Discharge) во Битола ја комплетираше листата на учесници и го објави распоредот на настапите на своето седмо издание, што ќе се одржи од 5 до 7 јуни. Тридневната програма ќе се одвива на две места: во дворот на пиварницата „Бакревски“ и на Ракометното игралиште, каде што ќе биде централната вечер на 6 јуни.

Организаторите отидоа значаен чекор подалеку оваа година, па за првпат во историјата на фестивалот обезбедија едно поголемо странско име. Тоа е белгискиот бенд „Брутал сфинктер“ (Brutal Sphincter), добро познато име од европската грајндкор сцена и чест гостин на големите метал фестивали. Ова ќе биде нивни прв настап во Македонија.

Белгијците „Брутал сфинктер“ се главните ѕвезди на седмото издание (Фото: Г. Конев)

Севкупно, оваа година ќе настапат 12 бендови, меѓу нив и од регионот и ќе бидат застапени разни жестоки жанрови. Меѓу нив се истакнува искусниот српски бенд „Инфест“.

Од домашната сцена учествуваат „Инер хејт“ (Inner Hate), „Скалкраш“ (Skullcrush), „Ју“ (Yöu), „Шорт фјуз хироу“ (Short Fuse Hero), Кристијан Магденовски…

Тридневните карти чинат 1.000 денари до 3 мај, а потоа 1.200 денари.

Г. КОНЕВ

(Фото: Фејсбук)