На 11 мај од 20 часот, во Сули Ан во Скопје ќе биде претставен „Resonant Earth: Collective Ritual“, нов музички проект на Јордан Костов.
„Проектот се темели на слободна интеракција помеѓу музичарите, водена од едноставна структура и неколку основни мотиви, што овозможува секоја изведба да се развива органски и да создава секогаш нова и неповторлива форма“, вели Костов.
На сцената ќе настапи осумчлен меѓународен состав: Јапинг Ванг (јангџин), Оливер Настовски (тамбура и ут), Ратко Даутовски (перкусии), Франсоа Мелан, Ник ДеКарло (туба), Шинго Масуда (канун), Александар Бошков (гитара) и Јордан Костов (таишигото, хармоника, трунг и вокал).