Поп-пејачката Бојана Скендеровски ќе одржи концерт вечерва (22 мај) во Тетово, во Домот на култура „Иљо Антевски Смок“ од 20 часот.
Концертот е под мотото „Глас што се чувствува, вечер што се памети“, а поп-пејачката ќе ги испее своите најголеми хитови.
„По прекрасните дружби со публиката во Скопје и Штип, едвај чекам да запеам и со тетовската публика. Секој концерт носи посебна енергија, а верувам дека во Тетово нè очекува вечер исполнета со многу емоции, љубов и музика што долго ќе се памети“, рече Бојана Скендеровски.
Ова е трет концерт по ред во концертната серија на пејачката, која во Скопје одржа концерт во декември, а во Штип во март. Билетите се по цена од 400 денари.
З.АНДОНОВ