„ДРАМА КВИН“, НОВА ПЕСНА НА ТАМАРА ТОДЕВСКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Тамара Тодевска ја сними песната „Драма квин”, со која го најави новиот албум „Кукла жива”.

Песната ја напишаа Коста Петров и Тодевска, а аранжманот е на Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор.

Спотот е снимен во студиото „Такат“, во режија на Мартин Трајановски. „Кукла жива” е албум со 10 песни.

„Ова е само мал дел од она што следува, албум на кој работат некои од најдобрите музичари во Македонија, комплетно сниман со живи инструменти и песни кои се инспирирани од различни периоди на мојот живот. ‘Драма квин’ е брза и динамична песна и навистина уживавме во текот на снимањето“, рече поп-пејачката.

„Драма Квин” е достапна на сите музички платформи.

Тамара Тодевска и нејзиниот тим се подготвуваат за солистичкиот концерт и концертна промоција на албумот на 3 октомври во салата „Борис Трајковски“, а билетите се продаваат преку мрежата на wayin.mk.