КЛИНТ ИСТВУД СЕ ПЕНЗИОНИРАШЕ НА 96 ГОДИНИ, ОБЈАВИ НЕГОВИОТ СИН КАЈЛ

Лос Анџелес, (Јуроњуз)

 

Легендарниот американски актер и режисер Клинт Иствуд наполни 96 години на 31 мај и потоа дојде потврда дека тој конечно се пензионирал. Во интервју за францускиот медиум „Франс 3“, синот на Иствуд, музичарот и композитор Кајл Иствуд, откри дека неговиот татко официјално и тивко се пензионирал.

Имам многу убави спомени од работата со него. Сега е во пензија, има 95 години. Имав голема среќа што можев да работам со него на многу филмови. Тоа беше одлично искуство за мене“, рече Кајл Иствуд пред роденденот на татко му.

Ако ова се покаже точно, тогаш „Поротник број два“ од 2024 (фото) ќе биде последниот филм на Иствуд како режисер, а „Cry Macho“ од 2021 како актер.

Иствуд ја почна филмската кариера во 1950-тите, а големиот пробив го имаше следната деценија во таканаречената „доларска трилогија“ на Серџо Леоне. Подоцна се прослави и како детективот Хари Калахан. Режисерското деби го имаше уште во 1971 година со трилерот „ Play Misty For Me“ и во следните децении остана еден од најактивните американски филмаџии. Во кариерата доби четири оскари: по два за „Непростливо“ и „Девојка од милион долари“.

(Фото: АП)