Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Свети Климент Охридски“ во Скопје отвори изложба во чест на Кочо Рацин. Изложени се дел од оригиналите на неговите дела и дел од публикациите посветени на него, сите сопственост на НУБ.
„Кочо Рацин во време на Втората светска војна е нераскинливо врзан со нашата институција, тогашната Народна библиотека. Во просториите на Библиотеката, директорот Георги Шоптрајанов го криел Кочо повеќе месеци од фашистичките агенти“, соопштија од НУБ.
Изложбата е отворена секој работен ден од 9 до 17 часот и ќе може да се види до 19 јуни.
П. ПЕЧКОВ