Пејачот Драган Величковски-Тајзи ја промовираше новата песна насловена „Мама/Аба“, за која вели дека е посветена на семејните вредности и почитта кон родителите. Музиката и текстот се на негови, а аранжманот, миксот и мастерингот ги направи продуцентот Иван Јованов-Ивајо.
За оваа песна, Тајзи сними и спот со негово сценарио, кој го режираше Даниел Јовески. Снимен е на неколку значајни културно-историски локалитети во околината на Охрид и Ресен: Заливот на коските, Плаошник, Свети Наум, Самоиловата тврдина и ресенски Сарај.
„Оваа песна е потсетник на корените, љубовта што нè обликува и на вербата што нè држи исправени кога е најтешко“, рече пејачот,