Штип од 19 до 21 јуни ќе биде домаќин на тридневниот Фестивал на улична храна, што по вторпат се одржува на новото штипско шеталиште „Ванчо Прќе“. Покрај храна, организаторот подготвува и богата забавна програма.
„Искуството од лани, по првиот Фестивал на улична храна, ни покажа дека тридневната кулинарска и музичка забава е одлична релаксакција не само за штипјани, туку и за сите други посетители“, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
Фестивалот е отворен за сите иновативни субјекти кои создаваат сопствено производство на храна, еко-материјали, рачни изработки и традицонални производи.
Т. ЈОВАНОВСКИ