Политичари не добија покана, но британска кралска свадба не може да помине без славни личности.
Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни со сопругата Амал, Опра Винфри, Дејвид и Викторија Бекам, тениската ѕвезда Серена Вилијамс, британскиот глумец Идрис Елба, Елтон Џон и пејачот Џејмс Блант се меѓу ВИП-гостите на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл во Лондон.
Меѓу гостите во замокот Виндзор стигнаа и родителите на војвотката од Кембриџ, Мајкл и Керол Мидлтон, како и нејзината сестра Пипа со сопругот Џејмс Метјус.
Претходно, палатата Кенсингтон соопшти дека венчалните прстени на Хари и Меган се од „Клајв и компани“. На Хари е од платина, а на Меган од велшко злато. Прстенот на Меган е подарок од кралицата Елизабета Втора.