„Grand Theft Auto 6“, новото продолжение на најголемата франшиза на „Рокстар гејмс“, ќе биде објавена на 19 ноември, а цените ќе се движат од 70 до 100 долари. Преднарачките за една од најисчекуваните видеоигри на годината веќе почнаа.
Од „Рокстар“ кажаа дека физичките копии нема да содржат компакт диск, туку код за дигитално даунлодирање во кутија.
Аналитичарите велат дека „ГТА 6“ би можела да биде најскапата видеоигра некогаш направена. Ова продолжение излегува цели 13 години по „ГТА 5“, а дека се работи на него првпат беше објавено во февруари 2022. „ГТА 5“ се продаде во речиси 230 милиони примероци.
Новата игра ќе го има својот прв женски протагонист што може да се игра во 3-Д амбиент, Лусија, заедно со нејзиниот партнер Џејсон, како вториот лик што може да се игра.