Канада дојде чекор поблиску до учество на Евровизија откако Европската радиодифузна унија објави дека канадскиот национален јавен радиодифузер „Си-Би-Си/Радио Канада“ станал полноправен член на групата.
Учеството на блескавото европско музичко натпреварување е една од целите на канадскиот премиер Марк Карни откако ја презеде функцијата во 2025 година. Буџетот на неговата влада вклучуваше 150 милиони канадски долари за финансирање на Си-Би-Си и предложи да се истражи можност за учество на Евровизија.
Канаѓанката Селин Дион победи на Евровизија во 1988 како претставничка на Швајцарија. Засега не е познато кога и дали Канада би учествувала на Евровизија.
Канада не би била првата неевропска земја на Евровизија. Израел се приклучи во 1973 година, Мароко се натпреваруваше еднаш во 1980, а Австралија настапува од 2015 година.
Домаќин на следната Евровизија ќе биде Бугарија.
(Фото: Фејсбук)