ФАНОВИТЕ ОРГАНИЗИРААТ НАСТАН ВО ЧЕСТ НА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ПРЕД АРЕНАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (30 јуни) од 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се организира настан во чест на кантавторот Владо Јаневски, кој почина вчера (28 јуни) по кусо боледување во Скопје, објави продукцијата „Прагма“.

Ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски. Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат. Да го испратиме достоинствено, со песна, со тишина и со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, велат од „Прагма“.

Тие беа организатори на концертите на Јаневски во Античкиот театар во Охрид во 2024 и 2025.