ТРИБЈУТ ЗА ВЛАДО ЈАНЕВСКИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА УЛИЧНА ХРАНА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 4 до 8 септември, во паркот „Авионче“ во скопски Аеродром ќе се одржи второто издание на фестивалот на улична храна „Аеро стрит фуд фестивал“. Во текот на петте вечери ќе има гастрономска понуда, музика во живо, диџеј-сетови, натпревари и забавна програма, а финалето ќе биде во знакот на Владо Јаневски.

Ќе настапат бендовите „Саут парк“, „Рингтонс“, „Допамин“, „Марбел“ и „Акустик дивижн“. Програмата ќе ја дополнат Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, Марко, Васо, Ризински, диџеите од „Флуере“, Гардијан и Фичо.

На 8 септември, на последната фестивалска вечер, „Акустик дивижн“ ќе приреди специјален музички трибјут на Владо Јаневски.