Том Холанд вели дека улогата на Телемах во новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан е почеток на ново поглавје во неговата кариера.
Британскиот актер, најпознат по улогата на Спајдермен, кажа дека „снимањето на филмот било момент за кој тешко се верува дека е реален“. Во епската приказна од грчката митологија, Холанд го игра Телемах, единствениот син на Одисеј, кој тргнува во потрага по својот татко, отсутен уште од Тројанската војна.
„Ми се допаѓа што ова можеби ми е последната шанса да играм момче“, вели 30-годишниот актер.
Во филмот, Телемах се обидува да ја заштити својата мајка Пенелопа, која ја игра Ен Хатавеј, од додворувачите кои ја окупирале нивната палата, додека верува во легендите за храброста и мудроста на својот татко Одисеј.
„Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан, е една од најочекуваните филмски премиери оваа година, со позната холивудска актерска екипа, вклучувајќи ја сопругата на Холанд, Зендаја.
(Фото: Гети)