„ПОМИСЛИ НА МЕНЕ“, ТРЕТ СИНГЛ НА ДУОТО „КОКТЕЛ“ ПО ОБНОВУВАЊЕТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-дуото „Коктел“ ја објави својата нова песна „Помисли на мене“, која доаѓа неполни четири месеци по претходниот сингл. Ова е трета песна откако дуото се обедини, со звук, како што велат, инспириран од поп-музиката од 1980-тите и 1990-тите. Песната е во реге-поп стил со балкански музички елементи.

Музиката и текстот се на пејачот Блаже Темелков, а аранжманот и инструменталниот дел се на Стевче Грозданов. Миксот и мастерингот ги изработи Горан Гешовски.

Дуото „Коктел“, кое беше популарно во 1990-тите, на крајот од 2025 се врати со новата песна „Каде ти, таму јас“. Тие станаа популарни со хитот „Слуга и цар“, во чиј спот главната улога ја имаше моделот и мис Марија Радуловиќ.

Втората нова песна „Само ти“ ја обајвија во април оваа година.