„Дај ми“ е новата песна на Симона Поповска, која спојува модерен звук и впечатлива визуелна приказна. Песната е во современ афро-хаус стил, на која гостува перкусионистот Бока Конга.
Музиката, аранжманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (Ерик Фокс), текстот го потпишува Робин Зимбаков, а миксот и мастерингот ги направија Дулелуд и Симона. За песната е снимен е спот во режија на Крсте Шупев.
„Кога првпат ја слушнав ‘Дај ми‘, знаев дека сакам да ја споделам со публиката. Од самиот почеток почувствував посебна енергија и емоција. Се надевам дека публиката ќе ја препознае искреноста со која ја создававме оваа песна и дека секој што ќе ја слушне ќе пронајде нешто свое во неа“, вели Поповска.