АВСТРИСКО ПИЈАНО ДУО СО КОНЦЕРТ ВО „СВЕТА СОФИЈА“ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)

Пијано дуото Денис Расел Дејвис и Маки Намекава вечерва (24 јули) ќе настапи на традиционалната Австриска вечер на Охридско лето, која се одржува со поддршка на Австриската амбасада во земјава. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

Дејвис и Намекава првпат концертно соработуваа во 2003. По нивниот одличен настап на фестивал во Линц, тие започнаа постојана соработка како дуо. Оттогаш до денес, редовно настапуваат низ Европа и САД, во престижни концертни сали и на фестивали.