СЕ ХРАНЕВ КАКО ПРОФЕСИОНАЛЕН СПОРТИСТ ЗА ДА ОСЛАБАМ ПРЕД СНИМАЊЕТО НА „ОДИСЕЈА“, ВЕЛИ МЕТ ДЕЈМОН

САД, (Фокс њуз)

Актерот Мет Дејмон ослабел 15 килограми за да го одигра легендарниот Одисеј во новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан. Актерот кажа дека од околу 91 килограм стасал до 76 килограми, тежина што ја имал уште во средно училиште

Дејмон вели дека подготовките траеле шест месеци и вклучувале строго контролирана исхрана и интензивни тренинзи.

„Кристофер Нолан сакаше да бидам послаб, но силен, како ветеран од Тројанската војна кој може да се снајде во секоја ситуација, но не би одбил оброк ако му се понуди“, рече актерот.

Тој додаде дека секој оброк му бил прецизно измерен, а исхраната била целосно контролирана и без глутен.

„Сè беше измерено. Тоа беше режим како кај професионален спортист, секој дел од денот беше посветен на исхраната и на подготовките“, изјави Дејмон.

„Одисеја“, филмската адаптација на епот на Хомер, по премиерата на 17 јули заработи околу 264 милиони долари во првиот викенд, што е најдобар старт во кариерата на режисерот Кристофер Нолан.