Австралиската музичка куќа „М2МР рекордс“ објави винил со четири композиции на џез музичарот Владимир Четкар, наменет за светскиот музички пазар. На изданието се најдоа композициите „Охрид“, „Не ме оставај да чекам“, „Небесно“ и „Океан на љубовта“ во ремикс верзии на англискиот диџеј и продуцент Доктор Пакер.
Од тимот на Четкар велат дека ваквите винилни изданија на македонски музичари се реткост во поновата македонска музичка продукција.
Четкар наскоро се враќа и пред скопската публика. На 5 септември ќе одржи концерт во „Јавна соба“. Билетите чинат 600 денари.