Во Мобилната галерија во Паркот на франкофонијата во Скопје, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Пра-спективa“ од Елена Гелева. Нејзиниот проект е поврзан со обликот на сликани форми пројавени од личната авторска пракса на автоматско сликање.
„Во областа на биолошките науки докажано е дека препознавањето на шаблон е когнитивен настан што се случил рано во историјата на еволуцијата. Препознавањето на шаблон било клучна алатка за прежувувањето на праорганизмите, како за пленот, така и за предаторот“, велат од Центарот за современи уметности, кој е организатор на изложбата.
Гелева дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во 2018. Првата изложба ја реализирала во 2019 година.