Популарниот бенд „Дупер“ ќе настапи со британската поп-ѕвезда Емели Санде на фестивалот „Скрим“, кој ќе се одржи на 7 ноември во „Т Арена“ во Скопје, објави организаторот, продукцијата „Прагма“.
Санде е повеќекратна добитничка на Британските музички награди, а нејзиниот деби албум беше најпродаваниот албум во Велика Британија во 2012. Прво стана популарна по нејзиното гостување во синглот на „Чипманкс“ во 2009, „Дијамантски прстени“ (Diamond Rings).

Првиот соло сингл на Санде, „Рај“ (Heaven), беше издаден во 2011. Нејзиниот деби албум десет недели беше на врвот на британската топ-листа и се продаде во милион примероци. Во 2017 ја освои наградата за најдобар британски женски соло изведувач на Британксите музички награди.
Настапот на 7 ноември ќе биде нејзино прво гостување во Македонија. Билетите за фестивалот се пуштени во продажба преку „Купи карта“.