Визуелниот уметник и керамичар Филип Фиданоски утре (19 септември) во Македонското културно друштво „Македонија“ во Сплит ќе ја отвори самостојната изложба „Пикасо, можеби јас 2 +“.
Изложбата е дел од манифестацијата „Македонска традиција и обичаи“, по повод 35 години независност на Македонија. Пред хрватската публика ќе бидат претставени скулптури од првата поставка на проектот, изложена во Музејот на Град Скопје во 2024, како и новосоздадени дела.
Во циклусот, Фиданоски ги користи препознатливите форми од сликарството на Пабло Пикасо како појдовна точка и ги претвора во современи керамички скулптури.
Фиданоски дипломирал и магистрирал керамика на Националната ликовна академија во Софија, а досега имаше повеќе од 35 самостојни изложби во Македонија и во странство.