ДЕНИС ЈАНКУЛОВСКИ-КОСМОНАУТКО ЌЕ ПРОМОВИРА ТРИ ИНКЛУЗИВНИ СЛИКОВНИЦИ ВО ТЕТОВО

Тетово, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (17 септември) од 19 часот, во „Јуроп хаус“ во Тетово ќе се одржи промоција на три инклузивни сликовници на Денис Јанкуловски-Космонаутко. Настанот е дел од дополнителната програма на 14. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“.

Ќе бидат промовирани изданијата на „Прозарт“, „Големиот сон“, „Другарко“ и „Другарка, другарко и две маченца“, со илустрации на Наташа Костовска и Алексеј Костовски. На промоцијата ќе настапат децата Агрон Хајредини и Никола Стојаноски и детскиот хор „Крешендо“, под водство на диригентките Фотини Георгиадис-Кировска и Марија Пулковска-Здравковска.

Јанкуловски ќе зборува за сликовниците и нивните ликови Тина, Другарко, Другарка, Рони и Бони.

З. АНДОНОВ