Оперските пејачи Ана и Игор Дурловски ќе одржат концерт на 6 декември во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, во придружба на 100 македонски музичари од симфонискиот оркестар „Ајга“ и нивни пријатели.
Концертот насловен „Завет – од светот до изворот“ ќе трае два часа, а програмата ќе спои филмска музика, дела од оперскиот репертоар и македонска музика, изведени во нови аранжмани. Делата се преработени во соработка со аранжерот Сони Петровски, а ќе диригира Ана Спасовска.
Организаторот „Пасворд продукција“ го најавува концертот како круна на 30-годишната професионална работа на Дурловски. Билетите се во во продажба преку „МК Тикетс“.