ВИЛИЈАМ, КЕЈТ И ДЕЈВИД БЕКАМ ДОЈДОА НА ПРЕМИЕРАТА НА НОВИОТ ФИЛМ НА ТОМ КРУЗ „ДИГЕР“ ВО ЛОНДОН

Лондон, (Би-Би-Си)

Принцот и принцезата од Велс му направија чест на Том Круз, појавувајќи се на премиерата на неговиот нов филм „Дигер“ во Лондон. Круз ја држеше Кетрин за рака додека разговараа и се смееја на црн тепих, пред кралската гала-проекција на „Дигер“ на плоштадот Лестер.

(Фото: Гети)

Круз ги познава принцот и принцезата веќе неколку години, а се сретна и со мајката на Вилијам, принцезата Дајана и присуствуваше на нејзиниот погреб во 1997 година.

Кетрин носеше бисерни обетки на Дијана на премиерата, како и ѓердан од аметист на покојната кралица Елизабета.

Дејвид Бекам беше меѓу другите познати гости на премиерата, заедно со неговите синови Круз и Ромео.

(Фото: ПА)

Во „Дигер“, Круз е трансформиран во обелен нафтен барон кој мора да го исчисти својот еколошки неред, а режијата е на оскаровецот Алехандро Гонзалес Ињариту. Филмот ќе има светска премиера на 2 октомври.

(Фото: Гети)