Младата поп-пејачка Ана Стојаноска вечерва (24 октомври) ќе настапи на 24. издание на детската Евровизија во Малта, со песната „Идната јас“. По една недела интензивни проби, таа вчера ја имаше генералната проба пред стручното жири.
На натпреварот ќе учествуваат претставници од 16 земји, а нивните настапи ќе ги оценуваат петчлени национални жирија. Оценките на жирито ќе сочинуваат 50 проценти од конечниот резултат, а преостанатите 50 ќе бидат од гласовите на публиката.
Од Македонската телевизија повикуваат на поддршка за Ана, со цел Македонија да постигне што подобар пласман. Гласањето е бесплатно и достапно на официјалната страница https://vote.eurovision.com
Преносот во живо е од 21 часот, на Македонската телевизија.