Хитови од светски познатите рок-бендови „Линкин парк“, „Грин деј“ и „Нирвана“ ќе се свират на второто издание на „Трибјут фест“, кое ќе се одржи на 7 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, од 20 часот.
На фестивалот ќе настапат три трибјут бенда. „Оф деј гоу“ ќе ги свири хитовите на „Линкин парк“, бенд познат по спојувањето на алтернативниот рок, металот и електронската музика.
„Сајд квест“ ќе настапи со песни од репертоарот на „Грин деј“, еден од најпознатите панк-рок бендови, додека „Нирвана риал трибјут бенд“ („Сан оф а ган“) ќе ја оживее музиката на легендарната „Нирвана“.
Фестивалот ќе ги обедини љубителите на алтернативниот рок, панкот и гранџот, со песни што одбележаа повеќе генерации.
Билетите за „Трибјут фест 2“ се продаваат преку платформата tix.mk.