ЅВЕЗДАТА НА „ПИТСБУРГ“, НОА ВАЈЛИ, Е НАЈСЕКСИ МАЖ НА СВЕТОТ, ОБЈАВИ „ПИПЛ“

Лос Анџелес, (Пипл)

Ѕвездата на ТВ-серијата „Питсбург“, Ноа Вајли, е избран за најсекси маж на светот за 2026, соопшти магазинот „Пипл“.

Педесет и петгодишниот актер, режисер и продуцент изјави дека не можел да верува кога ја добил веста.

„Мислев дека станува збор за некаква шега, ниту во милион години не би помислил дека ваква чест ќе ми биде укажана мене. Се надевам дека ова ќе промени сè. Се надевам дека отсега, па натаму сè ќе биде само вино и рози, млеко и мед (ха, ха). Не, не се надевам баш на тоа, но сигурно ќе морам да трпам многу шеги на своја сметка од пријателите и семејството“, изјави Вајли.

Вајли стана познат со улогата на докторот Џон Картер во серијата „Ургентен центар“, каде глумеше заедно со Џорџ Клуни. По подолга пауза, Вајли ја поврати популарноста со улогата во серијата „Интензивна нега: Питсбург“ (The Pitt). Во март годинава, тој стана првиот глумец кој ги освои сите главни телевизиски награди во една сезона.